



26 – 31 октомври
Фестивал РУТА
Седум театри. Единаесет претстави. Најсмелото издание на РУТА досега. Од тиранија и морални компромиси, преку црн хумор, семејни судири и светот на Салвадор Дали, до љубов, опсесија, идентитет и женски гласови што одбиваат да молчат.
Драмски театар
Репертоар
Што ти се гледа?
Одговори на четири кратки прашања и веднаш ќе ти предложиме претстави од актуелниот репертоар што најмногу одговараат на она што ти се гледа.
Добре дојдовте во Драмски
За театарот
Драмски театар е една од најзначајните културни институции во Македонија со децении долга традиција на современ и ангажирачки театар. Театарот е препознатлив по неговиот континуиран стремеж кон високи естетски и уметнички стандарди, претставувајќи клучен простор за развој на драмската уметност и актерскиот израз.
Денес, Драмски негува репертоар кој ги комбинира современите домашни и странски драмски текстови со култни класици, поставени во иновативни и оригинални режии. На сцената се поставуваат теми што предизвикуваат, инспирираат и отвораат дијалог со публиката.
Покрај постојаниот репертоар, Драмски е и отворена сцена за нови идеи. Со „Денови на независен театар“ и учество на фестивали како РУТА и „Будва – град театар“, театарот ја потврдува својата поддршка на независната сцена и регионалната соработка, создавајќи мостови меѓу институционалната и алтернативната културна продукција.
Тој останува препонатливо место за љубителите на квалитетен театар, каде што уметноста не само што се изведува туку и се доживува.
Новини од Драмски
Театарски вести
Следете ги новостите, најавите и моментите што го движат нашиот театар.
Од премиери и фестивалски учества, до заткулисни приказни и инспиративни средби – тука ќе ги најдете сите актуелности поврзани со Драмски.
Што ќе гледате следно?
Препораки за претстави
Нашата работа низ бројки
Драмски во
2025 година
Се фокусираме на двата сегменти од работењето на Драмски театар, Скопје – бројот на одиграните претстави и бројот на посетителите што ги имаат проследено нашите претстави.


